
Талентот на Манчестер Сити, Фил Фоден минатата сезона буквално „експлодира“ и стана еден од најважните поединци во тимот на Гвардиола.
Репрезентативецот на Англија, како и неговиот тимски колега Родри, добија понуди за нов договор. Клубот веќе има усмен договор со Фоден за новиот договор, според кој неговата плата ќе се зголеми за три пати.
Според „Сан“ тој ќе добива 200.000 фунти неделно. Повисоката плата е поради неговиот напредок, но и важната улога која ќе ја има во тимот.
„Граѓаните“ веќе го продадоа Габриел Жесус на Арсенал, а се очекува да се разделат и со Рахим Стерлинг кој ќе се пресели во Челзи.
На предните позиции, Гвардиола ќе се потпре на својот нов централен напаѓач Ерлинг Халанд, но Фоден е веќе константа во првиот тим.
Phil Foden to have his Man City wages TRIPLED to bump England star’s wages up to £200k-per-week https://t.co/UwvMmKdybE
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) July 10, 2022