Синот нa Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин Бекам е фан на тетоважите. Таков е и Дејвид. Синот, воедно открива дека повеќето од нив се посветени на неговата сопруга Никола Пелц.
Во интервјуто за „Ју-ес тудеј“, Бруклин рекол дека од неговите 100-на тетоважи, околу 70 се посветени на Никола. Со неа се ожени пред пет месеци.
„Секогаш плаче од радост кога ќе направам уште една нова тетоважа. Секогаш сакам да ја изненадувам со новите тетоважи“,вели помладиот Бекам.
Меѓу тетоважите посветени на неговата сопруга, се наоѓа и една на вратот во осум реда. Потоа, под сликата на очите на Никола, па зборот „венчан“ на левата рака. Тука е и тетоважата со брачниот завет на сопругата на неговата рака. Името Никола е на страната на вратот, а зборот „љубовник“ на раката. Буквата „Н“ е на прстот и така натака….