„Симболи на Че Гевара, говор на Жириновски, Садам Хусеин и Шешељ“: Колку „Левица“ може да биде трета опција за Македонија?

Од својата независност пред повеќе од 30 години, во Македонија владеат двете најголеми политички партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Перцепцијата на граѓаните е дека под нивното владеење, иако се разликува, државата бавно напредува.

Големите политички партии во земјава СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса за Албанците го поделија електоратот и фанатично го задржуваат овој принцип, но граѓаните не изразуваат значителен интерес за трета политичка опција.

Партијата на Димитар Апасиев во последните години се обидува да ја игра улогата на трета опција, но според познавачите на политичките случувања во земјава, „Левица“ не може да биде таа опција во Северна Македонија.

Бесим Небиу

– Левица е отворена про-Кремљ партија, со нагласени анти-демократски и антизападни позиции. Таа изгледа како некој реликт од несреќните 90-ти години, партија која се служи со симболи на Че Гевара а користи говор на Жириновски, Ким Јонг ун, Садам Хусеин и Шешељ. Нејзината политика поставена на запалувачка шовинистичка реторика, и за цел има да ги поларизира етничките Македонците против (скоро) сите,; Албанците, Бугарите, соседите, Европа, НАТО, Америка,… итн. Од таа позиција, Левица е повеќе ултра-десничаска формација, која е алтернатива и противник на поумерената десничарска партија ВМРО-ДПМНЕ, многу повеќе отколку трета опција. Таа всушност е втора опција за десничарски и етно-националистички гласачи, изјави за „Локално“, Бесим Небиу – политички аналитичар.

Енвер Салихи

Енвер Салихи

Политикологот Енвер Салихи вели дека „Левица“ тешко може да се наметне како трета опција на политичката сцена, бидејќи, како што вели, нема константно членство и нема други поизразени фигури освен лидерот.

– Мислам дека поголемите партии имаат доволно кадар и вештини за да бидат уште многу време во дво-партискиот систем: опозиција-власт. „Левица“, како крајно десничарска партија „по изјавите“ е потребно да ги омекне своите ставови и менување на својот дискурс кон интеграциските процеси, како би можела да присвои и гласачи кои гласаат за победничките опции, изјави Салихи за „Локално“.

Енес Ибрахим

Енес Ибрахим

Претседателот на Партијата за движење на Турците (ПДТ), Енес Ибрахим смета дека една политичка партија „која е под директно руско влијание“ и „пропагира антиевропски вредности“, воопшто неможе да биде релевантна трета опција.

– Граѓаните веќе го препознаа деструктивниот наратив на оваа партија која освен гол популизам и омраза нема што да им понуди на граѓаните и на државата, изјави Ибрахим за „Локално“.

Оливер Ромевски

Оливер Ромевски

И според политичкиот коментатор Оливер Ромевски, „Левица“ не може да биде трета политичка опција во Македонија, но на следните вонредни или редовни парламентарни избори ќе добие значаен број на пратеници и да добие значаени ресорски места во идниот состав на Владата.

– „Левица“ мислам дека не може да биде трета опција на Македонија. Со менување на ставовите, со подржување во некои случај на одредени руски позиции, потоа подржувајќи некакви западни позиции, значи се уште се во процес на барајќи се самите себе си. За конзистентна политика и за сила се потребни напори, волја и апсолутно оправдување на гласовите на граѓаните. Несомнено е дека пратениците на „Левица“ на следните вонредни или редовни избори можеби ќе бидат „тасот на вагата“ за формирање на новата Влада, и можеби „Левица“ кога ќе се формира таа влада ќе добие битни и значајни ресори во таа нова Влада но сепак има шанса да бидат идентификациски својсвена партија, да не се движеа по некаква остра линија на политичкиот жилет во изминатиот период, изјави Ромевски за „Локално“.

Џељо Хоџиќ

Џељо Хоџиќ

Џељо Хоџиќ – претседател на Странката на Демократска акција на Македонија (СДА) смета дека „Левица“ е политички феномен на македонската политичка сцена.

Според него, нивната политичка артикулација наоѓа база во противниците на евроатланските интеграции, разочараните во нерешителноста на ЕУ за проширување кон Западен Балкан.

– Дополнително, нивна цел се и дел од младите, на кои им се преставуваат како антисистемска партија, на кои им нудат популистички политики. Нудат брзи и едноставни решенија за проблеми кои имаат сложени и повеќеслојни предизвици. Имаат нијанси на национализам, кој повторно е во функција на популизмот. Она што е јасно, дека „Левица“ се залага за промена на курсот на Северна Македонија, кон Исток. Што не се совпаѓа со стратешките цели на нашата држава. Оваа политика, која во овој момент се дува, еден ден ќе пукне како балон, кога тие што ги гласаат ќе сфатат дека „Левица“ нема моќ да направи изместувања на стратешките правци на државата. Само да се надеваме дека нема да има негативем ефект врз меѓуетничките односи во државата, изјави за Хоџиќ „Локално“.

Рубин Земон

Рубин Земон

Рубин Земон, претседател на партијата ПОЕН и поранешен пратеник, вели дека на сцената постојат повеќе од 10-тина опции за трета политичка сила кај Македонците, но иако тие имаат можност тоа да бидат, целата работа бргу ќе пукне „како балон“.

-Се базираат на популизам, не на некоја одржлива платформа и мислам дека ги затворија вратите сами кон ЕУ интеграциите. Нема да најдат поддршка во Запад со антиалбански и антибугарски политики. Со ваква реторика единствено можат да прераснат во крајна десничарска партија. И Мусолини и Хитлер прво се идентификуваа со левичарски етикети, а водеа фашистички реторики и политики, истакна Земон за „Локално“.

Д.Ј.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...