Славниот холивудски актер Силвестер Сталоне се разведува од сопругата Џенифер Флавин по 25 години брак.
Според американските медиуми, Флавин во петкот поднела барање за развод во Судот во округот Палм Бич на Флорида.
„Го сакам своето семејство. Пријателски и приватно ги решаваме сите лични проблеми“ – изјави неодамна актерот.
Силвестер Сталоне (76) и Џенифер Флавин (54) се венчаа во 1997 година иако нивната врска првично почнала уште во 1988 година во еден ресторан на Беверли Хилс. Тие имаат три ќерки – Скарлет (20), Систин (24) и Софија (25). Од претходниот брак со Саша Чек, Сталоне го има и синот Серџо.
Вестта за разводот доаѓа три месеци откако двојката ја прослави сребрената свадба.