Силен земјотрес вечерва јa погоди јужноамериканската држава Чиле.

Јачината на земјотресот, како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар, била 6,5 по Рихтер, со епицентар на 17 километри северозападно од Калама и на длабочина од 200 километри.

Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Инаку најсилниот земјотрес во историјата се случи токму во Чиле на 22 мај во 1960 година. Потресот беше со јачина од 9,5 степени според Рихтеровата скала и однесе 6.000 човечки животи, илјадници лица беа повредени, а два милиона луѓе останаа без своите домови.

Пукнтината на земјата што се создаде кко последица на потресот беше долга дури 1.000 километри.