Швајцарија се соочува со недостиг на некои лекови поради тешкотии во синџирите на снабдување, предизвикани од мерките за сузбивање на ковид во Кина и војната во Европа, предупреди фармацевтското здружение.
„Имаме најмногу проблеми со лековите за деца, особено со сирупот за намалување на температурата“, изјави Енеа Мартинели од PharmaSuisse за телевизијата СРФ.
„Има недостиг и на лекови за крвен притисок, психијатриски лекови и лекови за Паркинсонова болест“, додаде Мартинели.
„Состојбата доведе до тоа лекарите во некои случаи да бидат принудени да набавуваат лекови од странство“, вели претседателот на швајцарското здружение на фармацевти во интервју за СРФ.