Швајцарија се приклучи на седмиот пакет санкции на Европската унија против Русија, соопшти денеска швајцарската влада.
„Новите мерки првенствено се однесуваат на забраната за купување, увоз или транспорт на злато и златни производи од Русија. Забранети се и услугите поврзани со оваа стока“, се наведува во соопштението.
Според руската ТАС С, на руската банка Сбербанк ќе ѝ биде замрзнат имотот и ќе ѝ биде забрането да дава средства или технички услуги.
Швајцарската влада посочи дека „ниту една од мерките против Русија не е насочена кон трговија со земјоделски или прехранбени производи меѓу трети земји и Русија“.