Што бара крстот на Попова Шапка надвор од црква, Билале Касами?!

Крстот ја симболизира христијанската верска припадност, додека Албанците се народ со муслиманско мнозинство и значителен процент православни и католички христијани. Но, овие верски разлики не биле причина за поделби, напротив, на Балканот и пошироко Аланците се познати токму по толеранцијата и националното единство, пишува индекс.мк во својот редакциски коментар.

„Од оваа гледна точка, нема потреба да ни смета крстот на кој нашите браќа по крв се поклонуваат и ги проповедаат своите проповеди. Крстот не ни пречи и кога верниците се од друга етничка припадност. Но, во сè има нормален редослед на нештата. На христијаните не треба да им пречи тоа што муслиманите се клањаат во нивните џамии, ниту пак на муслиманите да им пречи тоа што христијаните се поклонуваат во нивните цркви. Но, дали сте виделе минариња надвор од џамијата? Нема.

За жал, крстови има и надвор од црквите!“, пишува порталот,чиј текст го пренесуваме во целост:

„Во Рио де Жанеиро се наоѓа џиновски крст, како туристичка атракција која привлекува внимание. Дури и на нашето Водно е изграден крст по повод 2000-годишнината од распнувањето на Исус Христос, за што Владата издвоила пари, оправдувајќи го како како цивилизациски чин, и го крстиле Крстот на Милениумот.

Меѓутоа, една крстоманија ги опфати некои субјекти кога некои политички битки сакаа да ги постигнат со ставање крстови каде што им е местото и каде што не им е местото. Еден таков е денеска во општина Аеродром. Иницијатор за неговата изградба беше Семакедонскиот светски конгрес на чело со Тодор Петров, кој кога беше формиран пред неполни десет години се испофали дека по димензиите, тој е трет по големина во светот! Замислете, во мала земја како Македонија, да имате два крста со големина, веднаш по оној на Рио де Жанеиро!

Во етнички чиста општина, во општинските органи, изградбата на ваков крст никој не ја проблематизирал и се можело да се реализира на легален начин: Конгресот побарал парцела, општината без проблем му ја дала. Со какви пари е изграден, тоа е друга приказна.

Истиот овој Конгрес на Тодор Петров, а и тој самиот, сакаше да го стори истото во општина Бутел, но лоциран во средина со доминантно муслиманско население и практично на границата со општина Чаир, со албанско мнозинство. Тогаш станаа општинските советници, пратениците на ДУИ и граѓаните кои со протести ја спречија неговата изградба. Тие ја изнесоа целата развратност на политичката намена на овој крст, затоа што тој е изграден во муслиманска средина и немаше религиозна намена (ако беше така, ќе се градеше црква, а не крст), за што е кажано многу пати: целта е означување на територијата!

Досега, со кажано и некажано, излезе на виделина намерата на  градителите на крстовите уште кога беа поставени. Со други зборови, да им покажеме на Албанците и на другите членови дека оваа територија им припаѓа на христијаните!

Попречувањето на овој крст во Бутел некој го нарече израз на нетрпеливост, но тоа воопшто не е точно. На само неколку стотини метри подолу, во населбата Север, се наоѓа црквата која никому не смета, чија изградба никој никогаш не ја оспорил бидејќи има функција да им служи на христијанските верници во таа населба. Никој не се пожалил на ниту една црква која имала намера да им обезбеди на христијаните сопствено светилиште. (За жал, имаше многу случаи на попречување на изградба на џамии во некои области, поттикнати  токму од вакви крсторадители…)

Тамам, помисливме дека заврши трендот на градење крстови без цркви таму каде што не им е местото, еве, крстот ни „светна “ на Попова Шапка! Во општината со која раководи Билал Касами од Движењето Беса.

Се сеќавате ли на имиџот на оваа партија? Партија  со национална програма и муслиманска верска посветеност! Не велиме дека таква партија треба да биде против вредностите на христијанството, туку да посочиме на  парадоксот дека таква партија денес дозволила во „атарот “ на сопствената општина да се гради токму еден од тие политички крстови кои „ги засадуваше“ Семакедонскиот светски конгрес на Тодор Петров, но сега во друга режија?

За да може да се изгради таков крст, ако не е дива градба (ако е, каде бил Касами да го пресретне порано?), мора да има дозвола од општината и да има добиено мислење и дозвола на други нивоа. Сега со право советниците на ДУИ и другите субјекти прашуваат како можело да се случи да се изгради крст на Попова Шапка? Кој го дозволи тоа, која е неговата цел?

Со право прашуваат и имаат право да се сомневаат дали тоа е спроведување на некаков таен договор меѓу Касами и ВМРО-ДПМНЕ, како услов за поддршка на локалните избори.? Зарем, не станува јасно дека поддршката на овој субјект не беше само обичен договор каде што ќе добијат некои директорски позиции, туку повеќе од тоа, една од оние политички отстапки кои се рак рана за меѓуетничките и меѓуверските односи? Затоа што, како што беше кажано погоре, Албанците не се против црквите, но сепак се многу против изградбата на политички крстови за да се покаже кој е сопственик на оваа територија.

Овде станува збор, за судир на два начина на размислување, едниот зло, кој континуирано сее омраза и поделби со етноцентрични цели, кои исто така предизвикаа сериозни политички и безбедносни кризи во земјата, и другата филозофија, онаа на мултиетничко, мултирелигиозно и мултикултурно општество со толеранција и разбирање на меѓусебните вредности на другиот.

Значи, ова е концептуална разлика и секоја албанска партија или субјект е поборник на вториот концепт.

Каде е построен Билал Касами?

Сега, може да си ги измие рацете од одговорноста со објаснувања дека не дал дозвола или не бил во тек, сепак одговорноста е негова. И не може никого да убеди дека не е така.

Повеќе, би рекле дека Касами договорот за крстот го криел не само од гласачите кои му веруваа, но и од неговите сопартијци, што покажува до каде оди логиката на еден заслепен кариерист за власт, кој и со „ѓаволот“ е способен да се договори и да си ја продаде душата за малку комоција во власта.

Затоа, сите имаме право да прашаме: Билале Касами, што бара крстот далеку од црква на Попова Шапка?!“

indeks.mk

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...