Полскиот напаѓач Роберт Левандовски за 50 милиони евра пристигна во Барселона, а на екипата и се приклучи на американската турнеја и засега нема постигнато гол.

Барселона го одигра последниот меч во текот на минатата ноќ и славеше со 2-0 против Њујорк Ред Булс, а головите ги постигнаа Осман Дембеле и Мемфис Депај.

Шпанските новинари овој пат решија да го критикуваат Левандовски.

„Вистина е дека не се прилагоди доволно, па затоа не постигна гол, но Полјакот во овие моменти не успеа да ги оправда вложените пари за разлика од Рафиња. Левандовски не може на Бензема ниту врвките да му ги врзе“, велат новинарите.

Коментари