Путин згреши во пресметките, вели германскиот канцелар Олаф Шолц. Според него, рускиот претседател Владимир Путин сакала да ја подели Европа.

Тој рече дека Германија е подготвена за зимата што се однесува до пополнетоста на резервоарите со гас.

„Путин се надеваше дека со запирањето на испораките на гас ќе може да не уценува, но погрешно пресмета. Затоа што Европа остана обединета во својот став“, рече Шолц.

Вели дека Русија не може да победи во војната против Украина.

„Тој смета на слабоста на Западот и Украина. Но, греши: ние не сме слаби“, рече Шолц.

Кажа дека Германија успеала да обезбеди резерви гас и пред предвидениот рок на 1 ноември. Германскиот канцелар објасни дека договорот за целта за заштеда на гас од 15 проценти на ниво на ЕУ е силен сигнал. Кажа дека најдобрата стратегија против зависноста од увезени енергенси е дополнително инвестирање во технологии кои користат обновливи извори на енергија.