Шолц: Да ги заштитиме руските регрути кои бегаат од мобилизација

Германскиот канцелар Олаф Шолц се заложи за обезбедување заштита на руските регрути кои бегаат од Русија и бараат заштита во Германија, објавија денеска германските медиуми.

„Јас сум за обезбедување заштита на овие луѓе“, рече Шолц во интервју за весникот „Ноје оснабрикер цајтунг“, одговарајќи на прашањето дали регрутите кои нема да одговорат на повикот за мобилизација во Русија треба да добијат политички азил.

Тој додаде дека пред да се обезбеди заштита, треба да се извршат брзи безбедносни проверки на секој поединечен апликант.

„Се разбира, пред да обезбедиме заштита, секој апликант мора да го подложиме на темелна безбедносна проверка бидејќи треба да знаеме кого пуштаме во земјата“, рече канцеларот.

Претходно, министерката за внатрешни работи, Ненси Фесер, се залагаше за обезбедување заштита на руските дезертери, но германската влада најави дека сака да најде решение „на ниво на ЕУ“.

Најголемата опозициска партија, Унијата ЦДУ/ЦСУ, претходно се спротивстави на давање заштита на луѓето кои сакаат да избегнат мобилизација во Русија.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...