Лесно освојте 500 евра! Treasure hunt влезе во последната жешка фаза ↓↓
Навивачите и раководството на Барселона очекуваат Педри да биде еден од главните играчи на овој клуб во наредните години, но многу лесно може да се случи да замине.
Имено, како што пренесуваат француските медиуми, во ПСЖ се помириле со фактот дека ќе го загубат Марко Верати, но нема многу да жалат за него.
Новиот тренер на ПСЖ, Луис Енрике веќе одлучи – во својот тим сака да го донесе младиот Педри.
Очигледно самиот фудбалер нема ништо против да замине во ПСЖ бидејќи би сакал повторно да соработува со Луис Енрике.
Барселона не сака да преговара за продажба на својот „дијамант“, но проблем за нив е што Педри има откупна клаузула.
Така ПСЖ може да го доведе за 110 милиони евра, а потоа одлуката е само на фудбалерот дали сака да оди или да остане.
🚨🆕 EXCLU @PSGCOMMUNITY_
✔️ Luis Enrique a demandé à ses dirigeants de recruter Pedri, c’est la priorité au milieu!
✔️ Pedri ne ferme pas la porte, l’idée de retrouver son ancien sélectionneur avec l’Espagne lui plait
✔️ Le joueur disposerait d’une clause temporaire de… pic.twitter.com/2iqcdLhrIN
— PSG COMMUNITY (@psgcommunity_) July 28, 2023
Барселона се уште мака мачи со финансиите и сигурно е дека продажбата на Педри барем од тој аспект би ѝ користела.
Уште еден играч на Барселона е многу блиску до потпис за ПСЖ, а тоа е Усман Дембеле, кој по шест години речиси сигурно ќе го напушти овој клуб.
Францускиот репрезентативец кариерата ја продолжува во ПСЖ, кој до крајот на месецот ќе ја активира неговата клаузула вредна 50 милиони евра.