Шефот на дипломатијата Бујар Османи директно од Брисел зборува за отворање на преговорите
Денес се одржа Првата меѓувладина конференција, одобрена е преговарачката рамка и отпочна скринингот со Европската унија. Токму овој неопходен период од преговарачкиот процес ќе трае околу 14 месеци, а потоа започнуваме со отворање и затворање на поглавјата кон полноправно членство, истакна меѓу другото шефот на дипломатијата, г-дин Бујар Османи.
19- ти јули 2022 година е датумот што се чекаше со генерации. 17 години чекање на овој датум за да отпочне и последната фаза на интеграција во Европската Унија.

Денес е историски ден за самата Европска Унија, за Западен Балкан, но особено за Северна Македонија која од денес започнува да ги брои деновите кон полноправно членство во Европската Унија.

Денес се одржа Првата меѓувладина конференција, одобрена е преговарачката рамка и отпочна скринингот со Европската унија. Токму овој неопходен период од преговарачкиот процес ќе трае околу 14 месеци, а потоа започнуваме со отворање и затворање на поглавјата кон полноправно членство.

Северна Македонија од денес станува дел од патувањето кон Европската Унија, кон политиките на ЕУ, пристапот до европските фондови,  до оние политики кои ги делат земјите-членки на оваа Унија. Сакам да им посакам успех на граѓаните на Република Северна Македонија, на сите оние кои ни дадоа доверба во овој тежок пат во остварување на заедничката мисија да ја направиме земјата дел од најуспешната Унија во историјата на човештвото, онаа на Европската Унија.