Шарлиз Терон, американска актерка со потекло од Јужна Африка, е позната по своите беспрекорни облеки, а нејзиниот изглед плени каде и да се појави.

Шарлиз во петтата деценија успева да одржи совршена фигура, а витките нозе сака да ги покажува во мини здолништа и фустани кои одлично и прилегаат. Но, со оглед на тоа што е мајка на две деца, на Шарлиз не и е непознато таканареченото „мама“ издание, а често носи тренерки и удобни модни комбинации.

Шарлиз вчера беше фотографирана со двете ќерки кои за Ноќта на вештерките се дотераа како принцеза и навивачка, а популарната актерка немаше костим, туку само им правеше друштво на своите девојки.

Таа за оваа пригода облекла црн дуксер, бела тренерка и патики во иста боја. Од модните додатоци донесе само беж чанта а она што многумина ги воодушеви е фактот што актерката е без шминка.