Шаќири: Почнавме со темелна реформа во образованието

Квалитетното високо образование ја зголемува шансата за квалитетно вработување. Во овој контекст, улогата на високото образование е да изгради вискокомпетентни кадри кои брзо и успешно ќе одговорат на потребите на пазарот на труд, рече министерот за образовани и наука Јетон Шаќири на тркалезната маса за хармонизација на студиските програми во високото образование со потребите на пазарот на трудот, што денска се одржа на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Во дебатата учествуваа академскиот и бизнис секторот, посочувајќи на идните чекори за усогласување на студиските програми со барањата на компаниите.

Министерот Шаќири нагласи дека приоритетна цел на Владата и на Министерството за образование и наука е обезбедување квалитетно и инклузивно образование.

„Од клучно значење е младите, во текот на образовниот процес, да стекнат таква комбинација од знаења, вештини и ставови што ќе им обезбеди вработливост во услови на брз технолошки развој. За да ја оствариме оваа цел, почнавме со темелна реформа на образовниот систем“, прецизира Шаќири.

„Во рамки на целосно новиот образовен модел на основно образование, што се воведува етапно, клучно е децата да ги совладаат основните вештини, да стекнат дигитални компетенции но исто толку важно е да стекнат и вештини како критичко размислување и креативност, на кои инсистира речиси секоја индустрија. Младите луѓе, како што рече министерот, треба да бидат способни објективно да анализираат информации, да донесат разумен заклучок и креативно да го решат предизвикот.

Во средното образование, во изминативе две години, МОН реализира успешен модел на соработка на средните стручни училишта, локалните самоуправи и бизнис заедницата, а средношколците ги совладуваат стручните знаења и вештини кај компаниите, во производствениот процес. Атрактивноста на средното стручно образование е повторно вратена. Минатата учебна година во сите средни стручни училишта во Северна Македонија имаше 97 дуални паралелки со 1.400 ученици а оваа учебна година има над 200 дуални паралелки со 2.700 ученици, при што над 400 компании се вклучени во процесот на практична обука во реални услови“, велат од Министерството за образование и наука.

 

 

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...