Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири најави дека ден пред почетокот на наставниот процес е постигнат договор со СОНК во врска со платите на вработените и  најави дека наставниот процес во земјава ќе започне без одлагање.

Шаќири е многу среќен поради овој договор и најавува дека септемвриската плата за вработените во основното и средното образование ќе  биде за 15% повисока.

Тоа значи дека околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и личен придонес за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем“, напиша Шаќири.

Тој додава дека со претходните зголемувања од 21% во услови на економска и енергетска криза, вработените во образованието историски добиваат најголема поддршка од Министерството за образование и наука.