Заменикот директор на Управата за јавни приходи, г-дин  Абдулселам Селами во изјава за порталот indeks.mk зборува за предлогот на Министерството за финансии за новите даночни реформи.

Селами вели дека иако сме во време на криза, времето за ваква реформа е добредојдено и дека со истото се согласуваат и интересните групи  кои се сретна со министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Тој изјави дека  оваа реформа е поддржана од  експертите, професорите и деканите на економските факултети низ државава .

Тој одаде дека со оваа реформа не треба да мислиме дека ќе се зголеми ДДВ-то, туку ќе има промени врз основа на внатрешни одлуки.

Тој истакна дека со оваа реформа државниот буџет само ќе се зголемува и ќе имаме можности и повеќе пари да инвестираме во училиштата,  патната инфраструктура и во многу други области.

За повеќе проследете го интервјуто на заменик директорот на УЈП, Абдулселам Селами.