Седница на владиниот Економски совет

Владата за денеска во 12 часот ја закажа седницата на Економскиот совет. Една од темите се очекува да бидат дополнителните антикризни мерки со кои би се ублажил ценовниот удар.

Како што рече премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот, замрзнувањето на маржите функционира, но инпутите, енергенсите и суровините што ги добиваат производителите на основните прехранбени производи, ги влечат цените нагоре.

 

-Сите сме свесни за растечките цени на храната, особено на основните прехранбени производи. Владата направи првични мерки за замрзнување на цените, но со оглед дека сме отворена економија која разменува со странство, предолгото замрзнување не е можно. Ќе се јават недостатоци, па затоа преминавме како што преминаа и други држави, кон замрзнување на маржите, истакна Ковачевски.

Тој рече и дека за многу скоро време ќе бидат објавени и конкретни антикризни мерки за најранливите категории граѓани.

 

-Веќе се подготвуваат листите и категориите на граѓани кои ќе бидат поддржани со дополнителни финансиски средства од Буџетот за да можат полесно да ја пребродат кризата која што ја имаме, изјави Ковачевски.

Во меѓувреме реагираше Стопанската комора, упатувајќи јавно барање до Владата најдоцна до денеска, 5 октомври 2022, за кога е закажана седницата на Економскиот совет, да донесе мерки кои ќе го ублажат, како што наведе, силниот ценовен удар.

 

Комората предупреди дека бизнисот има само една алтернатива – или државата ќе помогне или ќе се затворат капацитеите. Почнат е процесот на намалување на вработените, редуцирање на производството и на затворање на капацитетите. Ескалацијата ќе биде во наредните два месеца кога се склучуваат договорите за снабдување со струја за наредната година,

-Ова е критичен момент. Брзината на реакцијата е пресуден фактор за зачувување на макроекономската и на буџетската стабилност на државата. Ситуацијата во која се наоѓа стопанството е сериозна со оглед на високите сметки за електрична енергија, зголемени до шест пати, за што ниту една компанија не е виновна. Повеќе од 1 600 правни субјекти кои се наоѓаат на слободниот пазар на 30.9.2022 година беа анкетирани и рекоа дека се наоѓаат во исклучително тешка состојба, наведува Комората во денешното соопштение и додава дека нема регистрирано ниту една земја во регионот и пошироко која не им помогнала на своите компании, наведе Стопанската комора.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...