Претпладнево изгоре возило на паркинг во скопската населба Ново Лисиче.

Пожарот бил изгасен од припадници на Скопската противпожарна служба, при што е утврдено дека нема повредени лица. Не се познати причините поради кои дошло до опожарување на возилото.

На терен излегле и полициски службеници. Засега од Министерството за внатрешни работи се уште нема официјална информација за настанот.

Фото: Локално