
На дуелот од пониските англиски лиги помеѓу Стивениџ со Хартлпул, беше постигнат необичен гол кој долго ќе се памети.




Имено, резултатот беше 0:0 кога во 80-та минута домашниот напаѓач Дени Роуз дојде до генијална идеја.




Тој му се сокри на голманот на Хартепул, кој мислејќи дека нема никој ја пушти топката на земја за така да ја дегажира.




Роуз истрча, ја украде топката и успеа да погоди за 1:0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.