Режисерот Тод Филипс објави на социјалните мрежи дека сe снима втор дел од „Јокер“, а Хоакин Феникс веќе започнал да го чита сценариото за продолжението на филмот.

Официјално е објавено дека Феникс ќе се врати во улога на Артур Флек, кој му донесе Оскар во 2019 година. Филипс го напишал сценариото за вториот дел заедно со Скот Силвер, а на социјалните мрежи е објавена предната страна од сценариото со наслов „Лудило за двајца“ (Folie a Deux).

„Joker“ е сатирична приказна за човек кој не е симпатичен, а не е ни некој кој предизвикува емпатија. Станува збор за негативец од стриповите и филмовите за Бетмен, кој на почетокот е комичар и кловн, а потоа станува насилник спремен да го уништи цел Готам.

По големиот успех кај публиката и бројните позитивни критики, филмот заработи повеќе од 1 милијарда долари и доби дури 12 номинации за Оскар, помеѓу кои и за најдобар филм, најдобра режија и најдобро адаптирано сценарио.