Пејачката Тамара Тодевска потврди дека се разведува од сопругот Александар – Мачка, откако летово прославија седум години во брак.
Во телефонски разговор за медиуми, Тодевска ја потврди веста:
– Да вистина е, не сакам да кажувам повеќе детали, не би додала ништо повеќе од ова, но ветувам дека наскоро ќе раскажам повеќе детали.
View this post on Instagram
Тодевска првенствено за магазинот „Убавина и здравје“, изјави дека одлучиле да се разделат, но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца Хана и Дарен.
-Да, точно е дека се разделуваме, но апсолутно дека ќе одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв ниту последен случај. Тоа што за мене искрено е многу важно, тоа се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на децата, кои сакам да останат на страна од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив, изјави Тодевска за „Убавина и здравје“
Сега пејачката ги отстранила сите заеднички фотографии со сопругот од профилот на