Дигиталното насилство се зголемува, тешко се стигнува и се казнуваат сторителите, но со заедничко, граѓанско и институционално дејствување може да се намали и еден ден да се стопира онлајн насилството. Ова беше констатирано на трибината што синоќа се одржа во прилепскиот Дом на културата во рамките на кампањата 16 дена активизам за борба против родово базирано насилство во организација на Обединетите нации, Европската унија и на ОБСЕ, а годинава темата е „Дигиталното насилство врз жени и девојчиња – Препознаj, Блокирај, Пријави”.
Според Жаклина Гештаковска Алексовска, програмска аналитичарка во Фондот за популации на ОН во државата постојат начини и за превенција и за казнување на сторителите, иако, за жал, сторителите на онлајн насилството не се доволно казнети. Ние, како што вели, сите можеме да придонесеме он-лајн или виртуелното насилство да се намали и еден ден да престане.
Најбитно е едуцирањето, што значи да се има профил на некоја онлајн платформа, да имаме начини да ги заштитиме личните податоци и секогаш да го пријавиме нападот на нашата личност, било да е навреда или закана. Да се пријави во полицијата, во центрите за социјална заштита, во граѓанските организации.
– За жал процентот на пријавување на, воопшто, родово засновано насилство е низок, а на насилство на онлајн платформите е уште понизок, случаите може да не набројат на прстите. некогаш позагриужувчи е за да се дојде до судска разрешница е потребно долго време. Тука може да дејствуваме за да се охрабрат сите кои доживуваат насилства за да го пријавуваат, вели Гештаковска Алексовска.
Росана Дуџак, постојан коррдинатор на ОН во Скопје смета дека насилството на интернет не било обмислено да биде анонимно, но има премногу анонимни ситуации и премногу насилство на интернет просторот. Секој може да придонесе да се стопира.-Ако знаете некој да врши интернет насилство, треба да го предупредите. Ако знаете за пример во училиште, треба да ги предупредите, да зборувате и со учениците, и со наставниците, за на таа појава да ѝ се стави крај. Мислам дека секоја жена или девојка била жртва на одредени непримерени коментари, било во интернетскиот простор, или во вистинскиот живот. Така, тие знаат да го препознаат овој феномен. Државата може да донесува, да усвојува закони, но мислам, но мислам дека главната улога е кај родителите и кај наставниците, да ги предупредат да зборуваат со децата и да го промовираат доброто, наместо лошото, вели Дуџак.
По Скопје настаните во кампањата на ОН продолжија во Прилеп, а потоа и во Струмица и Дебар.