Вчера (28.август), токму на големиот христијански празник Голема Богородица, нашата позната пејачка со руско потекло, Викторија Лоба, се омажи за својот вереник, скопскиот бизнисмен Ѓорги Калешов кој ѝ го даде вереничкиот прстен пред 3 години.

Викторија и Ѓорѓи ја официјализираа својата долгогодишна врска само два месеци откако истото го направи и нејзината мајка Татјана.

На зајдисонце, пред црквата „Св. Јован Канео“ во Охрид пејачката заедно со својот партнер се заколнаа на вечна љубов. Лоба изгледа бајковито во прекрасна венчавица со долг вел креација на македонската дизајнерка Моника Коцарева Ергиќ.