Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, преку соопштение на својата официјална Фејсбук страница, објави дека од 31 јули ќе профункционира заедничката гранична контрола на Северна Македонија и Албанија. Груби пишува дека преку капитални инфраструктурни проекти ги отстрануваме сите пречки меѓу двете земји, како и го олеснуваме движењето на луѓе и стоки.
Целосна објава:
Во својство на владин координатор за процесот на воспоставување заеднички гранични контроли со Албанија и Косово, со задоволство можам да соопштам дека од понеделник, 31 јули 2023 година, стапува на сила заедничката гранична контрола меѓу Северна Македонија и Албанија и граничниот премин Ќафасан ќе биде целосно оперативен за олеснување и поедноставување на движењето на луѓе и стоки меѓу нашите две земји.
Заедно со изградбата на коридорот 8, врската меѓу Скопје и Тирана станува супермодерна, безбедна и брза, а сите пречки меѓу нас се надминуваат.