СП склучило договор за набавка на дизел гориво во наредните две години по цена од 100 денари за литар, односно 118 денари за литар, со ДДВ. Цената, пак, на дизелот моментално изнесува 86,5 денари за литар, што е за 31,5 денари пониска од таа што е предвидена со договорот. Каде завршува разликата од реалната цена и цената утврдена во Договорот која е далеку повисокa, прашаа утрово од СДСМ.
Според владеачката партија, „ова е класичен пример како се испумпуваат пари од граѓаните“.
-Одговорност за ова расипничко трошење на народните пари треба да понесе Управниот одбор на ЈСП, чии членови се главно од ВМРО-ДПМНЕ, порачаа од СДСМ.
Вчера со реакција се јавија од ВМРО-ДПМНЕ, изнесувајќи информација дека кадар на СДСМ, поставен од градоначалничката Данела Арсовска го потпишал тендерот во четири очи за набавката на гориво за 118 денари по литар.
-Директорот на ЈСП е кадар на СДСМ. За тоа сведочат и фотографиите на Александар Стојковски во штабот на СДСМ. Стојковски е кадар на Ковачевски и Зечевиќ назначен од Арсовска. Тоа е тајната коалиција СДСМ – Арсовска. Кадарот на СДС Стојковски го потпиша тендерот од 27 милиони евра, порачаа од „Белата палата“.