Изјава за медиуми, Никола Белимов член на Градска организација на СДСМ
Главниот град денеска е блокиран поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните се оставени без јавен превоз, сообраќајот во една од најфреквентните сообраќајници е отежнат, автобусите се преполни, скопјани се оставени сами на себе.
Каде и да пипне ВМРО-ДПМНЕ прави хаос.
Повеќе од една година ВМРО-ДПМНЕ ја предводи градската власт, толку беше потребно за партијата предводена од Христијан Мицкоски да направи хаос во главниот град.
Јавниот превоз е во колапс, а катастрофална е ситуацијата и другите градски јавни претпријатија каде раководните органи, управните и надзорните одбори се составени од членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таквата неспособност