СДСМ објави документи, според кои вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја покачила струјата за 100% додека била на власт.
Според владеачката партија, во 2006 годината, кога ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта цената на киловат електрична енергија изнесувала 2.95 денари по киловат час.
-Во 2017 кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција, цената на киловат час изнесува 4.95 денари што е за 100 отсто зголемување. Мицкоски во овој период беше директор на ЕЛЕМ и советник на Никола Груевски за енергетика, обвинија од СДСМ, прикажувајќи две фотографии.
Претходно од најголемата опозициска партија соопштија дека брутална е измислицата дека Христијан Мицкоски ја поскапел струјата.
„Вистината е дека Ковачевски купува струја 30% поскапа од HUPX, додека претседателот Мицкоски како директор набавуваше 40% поевтина струја за народот. Очигледно има разлика“, реагираат од опозициската партија.