„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не го блокираа само одморот. Уживаа цело лето. Сега кога треба да работат за граѓаните им е многу тешко, не им се работи. Да не им треба уште одмор на сметка на граѓаните? Запаметено ќе биде ова однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, во време на најголема економска и енергетска криза во светот по Втората светска војна“ се вели во соопштението на СДСМ.
СДСМ порача дека со најавата дека Мицкоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со блокадата на Собранието е показател дека ништо не е променето во оваа партија.
„Освен блокади на законите за граѓаните и тоа во време на криза, деструкции и предизвикување било каква штета се друго му е тешко на Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не ја научиле лекцијата. Ниту ја примиле пораката од граѓаните кои има ја пратија на вонредните локални избори кога доживеаја пораз во две општини а во третата имаа пад на гласовите“, велат од владејачката партија.