Неполна година Град Скопје стагнира, не се развива, не се реализираат нови проекти, а наследените се намерно стопирани. И сето тоа само поради одредени бизнис-интереси на Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ. Тоа најдобро се виде со тендерот од 136 милиони евра за пречистителна станица, кој на површина го извади вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека повеќе од 10 месеци Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ раководат со Град Скопје, тоа е период на неработење, на безидејност и на груба партизација на градската администрација. Мостовите на улица Љубљанска и булеварот АСНОМ, БРТ системот, Универзална сала, Скопје смарт сити, се само дел од проектите што Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги наследија, а не ги продолжија, а не е реализиран ниту еден нов проект. Тоа е директно на штета на Градот и на неговите граѓани.

Наместо на проекти за развој на Градот, ВМРО-ДПМНЕ; Мицкоски и Арсовска биле посветени единствено на тендери и лични бизнис-интереси. Скопјани не заслужуваат ваков неодговорен, расипнички однос, Мицкоски и Арсовска треба да им се извинат на граѓаните за тоа што ги излажаа на претходните избори, се вели во соопштението.