СДСМ: Мицкоски нема доблест ниту да честита за Фронтекс, за македонски јазик во ЕУ

Мицкоски нема доблест ниту да честита за Фронтекс, за македонски јазик во ЕУ

Сите лаги и манипулации на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, сите хистерии за наводна асимилација и бугаризација им потонаа.

Лажеа дека со прифаќањето на францускиот предлог македонскиот јазик ќе биде дијалект, со фусноти, дека нема да биде признаен во ЕУ.

Организираа насилни протести, во Собранието свиреа со вувузели, ги навредуваа пратениците, ги клеветеа, ги прогласуваа за предавници и на крајот, не гласаа, туку избегаа од собраниската сала.

Вистината ги демантираше сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Договорот со Фронтекс е потпишан на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки. Македонскиот јазик е признаен и потврден во ЕУ, на исто рамниште со сите со сите јазици во Унијата.

Мицкоски нема доблест да излезе пред граѓаните и да честита за успехот на државата, никаде го нема, а тој и ВМРО-ДПМНЕ треба да им се извинат на граѓаните за сите лаги и манипулации, за сите хистерии што ги ширеа, за сиот страв што го ширеа.

ВМРО-ДПМНЕ бега и се крие од одговорноста за сите важни, стратешки прашања за државата и граѓаните.

СДСМ е државничка и државотворна партија која работи за подобра иднина, за европска иднина на државата и на граѓаните, соопштија од СДСМ.

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...