Од владејачката СДСМ денеска реагираа на изјавите на лидрот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ја критикуваше политиката на Владата околу поскапувањето на струјата. Според СДСМ, како директор на ЕЛЕМ, Мицкоски „купувал струја три пати поскапа, за 250 евра иако цената била 70 евра“.

„Мицкоски нема познавања од енергектиката, зборува невистини по логиката којашто очигледно тој ја применувал“, обвинуваат од СДСМ.

Од партијата велат дека како директор на ЕЛЕМ, Мицкоски бил тој кој во негов мандат во АД ЕСМ „купувал електрична енергија по три пати поголема цена, за 250e/MWh, во време кога струјата се продаваше по 70е/MWh“.

Тој лажно обвинува дека АД ЕСМ ги оштетила граѓаните. АД ЕСМ ги продава ноќните вишоци на струја на аукција, на која може да учествуваат сите заинтересирани страни и на која се избира најповолниот понудувач, велат од СДСМ.