СДСМ: Една година локална власт на ДПМНЕ тендерска, партизирани општини на шпицниот градоначалник

Резултатите по една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, се над 50 општини во државата ставени под контрола на шпицниот градоначаник Мицкоски, кавги за тендери, „рацете во медот“, партиски вработувања, поскапување на комуналните услуги, изостанок на нови проекти и застој на започнатите.

Локалната власт на ДПМНЕ тендерска, заборави на интересите на граѓаните и се фокусираше на тендери и провизии, за што и изби нивната јавна кавга, за тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица во Скопје.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ даваат отчет пред својот партиски шеф Христијан Мицкоски, наместо пред граѓаните.

Дури и лично Мицкоски е тој кој во име на градоначалници преговара за набавка на автобуси, се меша во тендерите.

Една година општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ стагнираат а за тоа вината е кај шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека се уште е истата нерефермирана партија која ги има поклопено општините, ги има партизирано локалните самоуправи и одработува за интересот на Мицкоски, наместо за граѓаните, соопштија од СДСМ.

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...