Во акциска контрола спроведена на територија на цела држава во текот на вчерашниот ден санкционирани се 326 возачи.
Од нив 10 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, 188 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од МВР.