Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт го објави списокот на фудбалери кои се повикани за престојните натпревари со Италија и Германија во Лигата на нации.

Во составот има еден дебитант, а станува збор за напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони. 26-годишниот напаѓач доби прв повик за англиската репрезентација.

Најголемо изненадување е секако отсуството на Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд, кои играат добро од почетокот на сезоната.

Од друга страна Хари Мегваер и Лук Шоу се најдоа во составот и покрај фактот што не играат редовно за Манчестер Јунајтед.