„Не знам точно која форма е поумерена, односно преку непосредни избори или преку конкурси за избор на партиски органи и тела, но можам да кажам дека има промена на менталитетот на овие партии кои на некој начин се отвораат“, вака ги коментира внатрепартиските избори во ДУИ и Алијанса за Албанците, аналитичарот Урим Салиу.
– Но од овој изборен процес, ДУИ како партија е чекор понапред од другите партии, го направи она што всушност требаше да го направи опозицијата, која веќе извесно време е изолирана во себе со истите бројки и се` уште е на избори. Само праваат ротации со луѓе од истата листа. ДУИ со непосредни избори успеа да донесе нови бројки исто како и на парламентарните избори кои донесоа длабока победа. Опозицијата мора да го смени својот менталитет и да престане да им нуди на електоратот луѓе кои бегаат од други партии и да ги нарекува „засилување“, на тој начин целта за доаѓање на власт станува уште потешка, бидејќи поразот на ДУИ станува речиси невозможен како што вообичаено се случува 20 години по ред. СДСМ пред извесно време одржа и директни избори како одраз на длабокиот пораз на локалните избори за да ги зацврсти своите позиции во иднина, изјави Салиу за „Слободен печат“.