Министерот за здравство, Беким Сали, рече дека засега во земјава нема регистрирано појава на мајмунски сипаници и додаде дека во случај да се појават, здравствениот систем е подготвен со сѐ што е потребно.
– Засега немаме забележано случај со мајмунски сипаници кај нас. Да напоменам дека Институтот за јавно здравје располага со тестови за препознавање на таквиот вирус. Според државниот координатор за вакцинација, ќе имаме на располагање вакцини, доколку се појави таков случај, рече Сали.