Сенегалскиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, Садио Мане, по втор пат во кариерата е прогласен за најдобар африкански фудбалер.
Мане истото признание го доби пред три години, а овогодинешната награда ја заслужи со одличните настапи во Ливерпул и репрезентацијата на Сенегал.
Второто место му припадна на веќе неговиот поранешен соиграч, Мохамед Салах, а трет беше голманот на Челзи, Едуард Менди.
Тој со репрезентацијата на Сенегал за прв пат триумфира во Африканскиот куп на нации, а одлучувачкиот гол во финалето против Египет го постигна токму Мане од пенал.