САД, Јапонија и Јужна Кореја: Нуклеарната проба на Северна Кореја ќе наиде на „невиден одговор“

Соединетите Американски Држави, Јапонија и Јужна Кореја денеска предупредија дека севернокорејската нуклеарна проба ќе наиде на „невиден силен одговор“, ветувајќи единство по лансирањето на ракетата од Пјонгјанг.

По разговорите во Токио, замениците министри за надворешни работи на трите земји рекоа дека ќе го засилат своето одвраќање во регионот.

„Се договоривме дополнително да ја зајакнеме соработката… за да може Северна Кореја веднаш да ги прекине своите незаконски активности и да се врати на разговорите за денуклеаризација“, рече заменик шефот на дипломатијата на Јужна Кореја, Чо Хјун-донг.

„Трите земји се согласија околу потребата од невидено силен одговор доколку Северна Кореја продолжи со седмиот нуклеарен тест“, изјави тој.

Сеул и Вашингтон постојано предупредуваа дека Пјонгјанг би можел да биде блиску до тестирање нуклеарна бомба за првпат од 2017 година, по серијата лансирања на балистички ракети.

Еден проектил ја прелета Јапонија минатиот месец, а Северна Кореја соопшти дека спровела тактички нуклеарни вежби.

„Сето ова однесување е непромислено и длабоко дестабилизирачко“, рече американскиот заменик државен секретар Венди Шерман, повикувајќи ја Северна Кореја „да се воздржи од дополнителни провокации“.

Минатиот месец, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја прогласи земјата за „неповратна“ нуклеарна сила, со што практично завршија преговорите за нејзините забранети програми за оружје.

ПОСЛЕДНИ

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда…На почетокот на сезоната 2005/06, кога црвено-белите започнаа целосна реконструкција со нов претседател...

15-годишно девојче силувано во Делчево

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека силувал малолетничка.Во координација со Јавен...

Полицијата го расчисти случајот во Карбинци, нема елементи на кривично дело

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје...

Маричиќ: Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по...