Украинските воени сили успешно завршија уште една етапа од воената операција на змискиот остров Змијини. Русите ги евакуираа остатоците од нивниот гарнизон. Изјавата беше објавена од Градскиот совет на Одеса, на платформата Телеграм, пренесува Укринформ.

„Синоќа, успешно беше  завршена уште една етапа од воената операција со нашите ракетни и артилериски единици кои започнаа напади на змискиот остров Змијини. Непријателот набрзина ги евакуираше остатоците од нивниот гарнизон користејќи два брзи чамци и, најверојатно, го напушти островот, пишува во во извештајот.

На Змијини сè уште има пожар, а се слушаат и експлозии. Конечните резултати од воената операција допрва ќе се соопштуваат.

Во  воената операција на островот Змијини, вооружените сили на Украина го уништија рускиот радарски систем, неколку ракетни и вооружени системи за воздушна одбрана Панцир-С1, како и друга воена опрема и припадници на руската војска.

Руското министерство за одбрана пак, објави дека руските сили се повлекле од Змискиот остров во близина на украинскиот брег во Црното Море како „знак на добра волја“.

„Овој потег покажува дека Русија не ги попречува напорите на Обединетите нации за организирање хуманитарен коридор за извоз на земјоделски производи од Украина“, се вели во соопштението на МО на Русија.

Рускиот окупатор на 25 февруари го зазеде островот, еден ден по почетокот на руската инвазија на Украина. Сите 13 украински граничари беа убиени, одбивајќи да се предадат. Посмртно беа одликувани со  титулата „Херој на Украина“.

Обработка: И. Т. З.