Според руската влада ценовните ограничувања биле апсурдни и ќе го уништеле пазарот

Русија нема да испорачува нафта и нафтени деривати на земјите кои ќе воведат плафон на цените, изјави за новинарите вицепремиерот Александар Новак. Тоа дојде еден ден пред денешната дискусија на седумте водечки светски развиени економии (Г-7) за идејата и како да се спроведе во пракса. Нафтено ембарго на ЕУ стапува на сила на 5 декември, што влијае на околу 90 отсто од рускиот извоз на нафта во 27-те земји-членки.

„Што се однесува до ценовните плафони: ако тие наметнат ценовни плафони, тогаш за такви компании или земји нема да снабдуваме нафта и нафтени деривати, бидејќи нема да работиме под непазарни услови“, рече Новак, цитиран од ТАСС.

Тој ги нарече ваквите предлози „целосен апсурд“ и „мешање во пазарните механизми“. Обидите за ограничување на цената на нафтата „ќе доведат до дестабилизација на нафтената индустрија, на нафтениот пазар“, а пред сè, цената ќе треба да ја платат европските и американските потрошувачи, за кои енергетските ресурси веќе поскапеа“, рече Новак. „Ова целосно ќе го уништи пазарот“, смета вицепремиерот.

Целта на потегот на Г-7 е да се намалат профитите на Русија со кои се финансира војната во Украина, а и да се убедат големи клиенти како Индија и Кина помалку да купуваат руска нафта. Но, дури и да не прифатат, ефектот од таквата мерка им дава причина да бараат од Москва поевтина нафта. И во моментов, руската нафта е достапна за индискиот пазар со огромни попусти до 35%.

Од нападот на 24 февруари, извозот на руска нафта се намали во апсолутна вредност, но донесе дополнителни речиси 700 милиони долари од мај.

Шефот на Централната банка, Елвира Набиулина, кон крајот на јули призна дека Русија би можела да ја запре нафтата доколку се постави плафон на цената. Новак, во исто време, како услов за запирање на испораките посочи цена под трошоците за производство.

САД одбија да увезат руски суровини уште во март. На крајот на јули, Ројтерс, повикувајќи се на извор, објави дека земјите од Г7 имаат намера да утврдат плафон на цените до 5 декември – кога ќе стапи на сила ембаргото за нафта на ЕУ.