Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посетил војниците кои учествуваат во „специјалната воена операција“ на Русија во Украина, соопшти рано утринава министерството за одбрана. „Шефот на руската војска ги посети со хеликоптер местата на кои се разместени војниците и руските единици во областа на специјалната воена операција“, соопшти руското министерство на Телеграм.

Министерството додаде дека Шојгу разговарал со војниците на првата борбена линија и на командните позиции. меѓутоа, не е наведено кога се случила посетата и каде.

Краткото видео објавено со соопштението го прикажува Шојгу во воен хеликоптер и неколку снимки од воздух.

 

 

Објавата следи еден ден по состанокот на рускиот претседател Владимир Путин со највисоките воени команданти, на која присуствувал и Шојгу, на кој побарал нивно мислење за тоа како треба да се одвива руската воена кампања во Украина.