Целта на договорот меѓу Русија и Унгарија од 2014 година е проширување на постојната нуклеарна централа Пакс. Нуклеарната индустрија на Русија не подлежи на санкции од ЕУ поради нејзиниот напад врз Украина.

Унгарија не ги поддржа безусловно потезите на Западот да ја изолира Русија и да го санкционира извозот на руска нафта и гас. Пакс моментално произведува 40 отсто од снабдувањето со електрична енергија во Унгарија.

„Нека започне изградбата!“, напиша министерот за надворешни работи Петер Сијарто во објава на Фејсбук. Со дополнителните два реактора, капацитетот на нуклеарната централа, која моментално се состои од четири реактори изградени во Советскиот Сојуз, ќе се удвои.

„Ова е голем чекор, важна пресвртница. Така ќе ја обезбедиме енергетската безбедност на Унгарија на долг рок и ќе ги заштитиме Унгарците од дивите промени во цените на енергијата“, порача Сијарто во објавата на Фејсбук, пренесена од новинската агенција АФП.

Унгарскиот министер за надворешни работи додава дека нуклеарните реактори би можеле да бидат подготвени за работа до 2030 година. Проектот е вреден 12,5 милијарди евра и во голема мера е финансиран од Русија.