Братот на поранешниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, Михаел Румениге, ја критикуваше трансфер политиката на клубот.

Баварците доведоа играчи како Садио Мане и Матијс де Лихт, но Румениге не е импресиониран бидејќи смета дека тие не се светска класа.

„Зошто Хасан Салихамиџиќ и другите добиваат толку многу пофалби во последно време за нивните летни трансфери? Искрено не можам да се придружам на аплаузот. Со сета почит кон Садио Мане и Матијс де Лихт, мислам дека ниту еден од нив не е фудбалер од светска класа“.

„Се разбира, Мане ќе се претстави силно во Бундеслигата и веројатно ќе постигне многу голови. Но, тој веќе има 30 години и мислам дека не е во врвот на својата кариера“, изјави Румениге за германските медиуми.

Коментари