Роберт Левандовски утре се враќа на „Алијанц Арена“, но овој пак како ривал во Лигата на шампиони.
Полјакот со години со успех го несеше дресот на Баерн Минхен, а ова лето побара трансфер и се пресели во Барселона.
Поранешниот претседател на Баварците, Карл-Хајнц Румениге, изјави дека Левандовски треба да има топол пречек во Минхен, но не го стави во Топ 3 трансфери.
„Дојде како слободен играч, а отиде за 45 милиони евра. Допринесе многу за успесите на Баерн Минхен. Не смее да се заборави дека тој помина осум години овде и освои се што можше да се освои, притоа давајќи меѓу 35 и 50 гола секоја сезона“.
„Најдобрите трансфери во поновата историја на Баерн Минхен се, Рибери, Робен, Нојер, Левандовски… по тој редослед!“, изјави Румениге.