Пред два дена „Марка“ објави информација дека постигнат е договор и Кристијано Роналдо кариерата ќе ја продолжи во Ал-Наср за договор вреден 200 милиони долари по сезона.


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко – 17 ден ↓↓↓


Таа сума ќе го направи Роналдо најплатен спортист во историјата, но значи и дека Португалецот нема да игра сериозен фудбал на високо ниво во остатокот од кариерата. Набрзо потоаа Пирс Морган и Фабрицио Романо демантираа дека Роналдо ја прифатил понудата.

По вчерашниот натпревар на Португалија против Швајцарија кој Роналдо го започна од клупата новинарите го запрашаа Португалецот и за таа информација.

„Не, тоа не е вистина…Сега сакам да му посакам добро здравје на Кралот на фудбалот, Пеле“, кратко одговори Кристијано.

Фабрицио Романо претходно објасни дека понудата од Ал-Наср од 200 милиони долари ја има, но се уште нема никаков договор. Роналдо ниту ја прифатил, ниту ја одбил оваа понуда.

Коментари