Група играчи на Манчестер Јунајтед уште во февруари разговарале со тогашниот менаџер на тимот Ралф Рангник и побарале Хари Мегваер да биде отстранет од тимот, пренесува „Атлетик“.

Меѓу нив, најгласен бил Кристиано Роналдо, кој ја предводел групата на играчи во која биле Пол Погба и Рафаел Варан.

Португалската ѕвезда го изразил своето категорично мислење дека треба да игра во напад со двајца фудбалери и капитенот на тимот да биде исфрлен од тимот по серијата лоши настапи.

Сепак, пораката била игнорирана, а Рангник изјавил дека го смета разговорот за несоодветен бидејќи бил воден во отсуство на самиот Мегваер, кој немал можност да се брани.

Коментари