Кристиано Роналдо е исфрлен од „WhatsApp“ групата на Манчестер Јунајтед. Ова е уште една непријатност која ја доживеа Португалецот после контроверзното интервју.

Во неговото скандалозно интервју со Пирс Морган, Роналдо отворено го критикуваше раководството, менаџерот Тен Хаг, па дури и сопствениците на Манчестер Јунајтед.

Очигледно дека тоа во клубот нема да му го простат, а најновата вест е дека Португалецот е исфрлен од WhatsApp групата, каде администратори се Хари Мегваер и Скот Мектоминај.

Ова е уште една потврда дека деновите на Кристиано Роналдо на „Олд Трафорд“ се избројани.

Коментари