Зградата на романската разузнавачка служба, СРИ. Фото: https://www.sri.ro/

Романските разузнавачки служби треба внимателно да ги испитаат странските инвеститори што доаѓаат од земји што не се членки на ЕУ, кои сакаат да инвестираат повеќе од два милиони евра во Романија, се вели во владината наредба издадена во четвртокот вечерта.

Комитет составен од членови од неколку министерства, Романската разузнавачка служба, СРИ и Службата за надворешно разузнавање, СИЕ, ќе ги оценува потенцијалните странски инвеститори.

Причината на владата за потегот беше „заштита на суштинските интереси на безбедноста и јавниот ред“, објавија романските медиуми.

Секој странски инвеститор надвор од ЕУ што сака да инвестира повеќе од два милиони евра во области како што се енергетиката, транспортот, телекомуникациите, банкарството, земјоделството или медиумите треба да аплицира за дозвола.

Претставниците на разузнавачките служби нема да имаат право да гласаат за апликациите, но ќе ги дадат своите оценки.

Покрај потребната верификација за повеќето бизниси, потенцијалниот инвеститор во романските медиуми што не е од држава-членка на ЕУ мора да обезбеди уште повеќе информации за своите зделки, се вели во владината наредба.

Madalin Necsutu