Бризилскиот фудбалер Родриго после одличната сезона постигна договор за продолжување на договорот со Реал Мадрид, пренесува „Марка“.
Тој има договор со Реал до јуни 2025 година, но клубот сака да го награди за добрите партии и му понуди подобар договор.
Бразилецот ставил потпис на нов договор со „кралевите“ до 2028 година, а во новиот договор на ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Родриго во моментов заработува 4 милиони евра, а со новиот договор ќе добие 7 милиони евра по сезона.
#2028 ✍️🇧🇷 pic.twitter.com/l0qWNFvRmv
— Madrid Xtra (@MadridXtra) July 12, 2022